Калифорнија одобри дигитални регистерски таблички
Властите во Калифорнија дозволија на компанијата Reviver Auto да започне продажба на дигитални автомобилски броеви
Пилот-проект со дигитални таблички започнува во Аризона.
Дигиталниот регистарски број RPlate Pro прикажан на Детроитскиот автосалон, може да испишува како традиционални комбинации од букви и броеви, така и слободни текстови, одобрени од Министерството за регистрација на патниот сообраќај. Поставките се направени преку веб- базиран интерфејс. Дигиталните табли нудат и други можности како автоматско продолжување на регистрацијата, емитување на рекламни пораки, информации за платен паркинг, осигурување…
Експертите очекуваат за една година во Калифорнија да се појавуваат барем 100.000 возила со дигитални регистарски таблички. Сопствениците ќе можат да избираат помеѓу традиционалните броеви.
Предлог законот за дигитални табли, беше предложен од сенаторот од Демократската партија Карен Прајс во 2010 година. Идејата е вообичаена комбинација од букви и бројки и табличката се прикажува само за време на возењето, а кога автомобилот ќе запре на семафор или во сообраќаен метеж , може да послужи и за емитување на реклама. Американци?!
https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=A_H6Ix2jsdM