fbpx

Opel ја освежи Mokka Electric со поголема моќност и поголем опсег

Со употреблив капацитет од 51 kWh, Mokka Electric добива нов литиум-јонски пакет за 2023 година, заедно со нов електромотор

Stellantis постепено ја ажурира својата гама на електрични возила, а најновиот пример е Opel Mokka-e, односно Mokka Electric. Малиот електричен кросовер добива помоќен електричен мотор и малку поголема батерија што нуди зголемен опсег на движење.

Поконкретно, Opel Mokka Electric сега е опремена со батерија од 54 kWh (наспроти 50 kWh) што овозможува домет од 406 километри според WLTP циклусот. Ова претставува зголемување од 20% во споредба со 338 километри од неговиот претходник, или дополнителни 68 км по полнење. Кога сме веќе кај тоа, ажурираниот модел може да се полни од 0 до 80% за 30 минути од станица за полнење DC од 100 kW.

Нов е и електричниот мотор поставен напред, кој произведува 156 КС и 260 Nm вртежен момент, што е за 20 КС повеќе во споредба со претходната верзија. Благодарение на зголемената моќност, Mokka Electric забрзува од 0-100 км/ч за помалку од 10 секунди, со максимална брзина електронски ограничена на 150 километри на час. Новиот мотор е исто така поефикасен, што придонесува за помала потрошувачка на енергија од 15,2 kWh на 100 км.

Ажурираниот погонски агрегат веќе е вграден во неколку електрични возила од Stellantis, вклучително и сосема новиот Jeep Avenger и неодамна фејслифтираниот DS 3 Crossback кој се вози на истата архитектура eCMP, како и поголемите Peugeot e-308 базирани на EMP2 и Opel Astra-e.

Без промени во ентериерот

Варијантата со нулта емисија на урбаниот теренец беше преименувана во Mokka Electric наместо во Mokka-e, во согласност со новата стратегија за именување на Opel. Компанијата не промени ништо на надворешноста или внатрешноста, бидејќи Mokka – лансирана во 2020 година – беше првиот сериски модел со лицето „Opel Visor“ и дигиталниот кокпит „Pure Panel“. Како и да е, алуминиумските тркала со црна боја што се појавуваат на единствената официјална слика што го придружува соопштението за печатот се чини дека се нова опција.

Mokka Electric учествуваше со 65% од продажбата на Mokka во Германија овој ноември, што ја покажува зголемената популарност на електричните возила на одредени европски пазари. Opel вети дека ќе понуди електрифицирана варијанта на секој модел до 2024 година, пред да оди само со ЕВ во Европа до 2028 година.

Поврзани вести

Back to top button