fbpx

Audi ќе произведува електрични возила во сите свои фабрики до 2029

Германската марка Audi има намера да стави крај на роизводството на автомобили со мотори на внатрешно согорување до 2033 година

Audi веќе најави дека ќе воведе исклучиво електрични возила од 2026 година и ќе ги исфрли моделите со мотори со согорување до 2033 година. Потврдувајќи ја својата посветеност на ЕВ, германскиот производител планира да произведува возила со нулта емисија во сите фабрики до 2029 година. Тоа веќе се случува во локациите Болингер Хофе (Германија) и Брисел (Белгија), а во Инголштад (Германија) ќе следи следната година кога Q6 E-Tron ќе почне да излегува од производната лента.

Во следните шест години, производството на ЕВ ќе започне во погоните во Некарсулм (Германија), Сан Хозе Чиапа (Мексико) и Ѓер (Унгарија). Audi вели дека ќе гради нови фабрики само во региони каде што е потребен дополнителен производствен капацитет. За таа цел, се гради нова производствена локација со партнерот FAW во Чангчун (Кина) за електрични возила базирани на PPE архитектурата. Изградбата ќе биде финализирана до крајот на 2024 година.

Полека згаснуваат конвенционалните модели

Во исто време, Audi ќе инвестира приближно 500 милиони евра до средината на оваа деценија за да ги обучи своите вработени за производство на ЕВ ширум светот. Марката постави амбициозна цел да ги намали годишните фабрички трошоци на половина до 2033 година. Постигнувањето на оваа цел ќе биде можно со намалување на сложеноста со повеќе електрични возила и помалку модели со мотори на внатрешно согорување. Рационализираниот производствен процес ќе се имплементира уште од самиот почеток. Q6 E-Tron ќе се склопува на истата лента како и A4 и A5, со електрични автомобили кои постепено ќе ги заменат моделите со мотори со согорување во наредните години.

Да не заборавиме, Audi веќе го сигнализираше отпаѓањето на два автомобили со конвенционален погон, откривајќи дека нема намера да ги обнови субкомпактните кросовери A1 и Q2 откако моделите од сегашната генерација ќе го поминат својот тек. Дополнително, суперавтомобилот R8 со V10 ќе замине во пензија, додека подостапниот спортски автомобил ТТ исто така е пред згаснување.

Предводникот A8 најверојатно ќе се трансформира во предводник на ЕВ гамата подоцна оваа деценија, со идните електрични автомобили кои ќе се обликуваат според концептите на Audi Sphere.

Поврзани вести

Back to top button