fbpx

Suzuki со eVX концептот ја најавува својата ЕВ иднина

Јапонскиот производител Suzuki го најави својот прв сериски електричен автомобил со концептот eVX

Suzuki заостанува зад конкуренцијата во сегментот на електрични возила, но се чини дека јапонската компанија конечно работи на претставување на својот прв сериски електричен автомобил. Тој нема да пристигне на пазарот до 2025 година, но производителот го покажа неговиот изглед. Suzuki го претстави концептот eVX за време на Auto Expo 2023 во Делхи, Индија, прикажувајќи го серискиот електричен кросовер кој треба да пристигне околу средината на деценијата.

Производителот на автомобили не е подготвен да ги открие сите детали околу концептното возило, но вели дека ја комбинира „силната ДНК 4×4“ на Suzuki со придобивките од модерните електрични возила. Возилото има форма на компактен SUV со веднаш препознатлива предна табла, кратки надвиснувања и мускулести лакови на тркалата кои создаваат впечаток дека автомобилот е подготвен да ги совлада сите теренски услови.

Suzuki eVX Concept

Концептот eVX е долг 4.300 милиметри, широк 1.800 мм и висок 63 1.600 мм, што го прави малку подолг и поширок од Vitara што се продава на светските пазари. Најверојатно некаде во подот е поставен батериски пакет од 60 киловати, кој би требало да може да обезбеди опсег до 550 километри со едно полнење.

Глобален модел

„Среќен сум што го откривме eVX, нашето прво глобално стратешко ЕВ. Во Suzuki Group, справувањето со глобалното затоплување е приоритет. Промовираме низа глобални мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови. Suzuki ќе продолжи да обезбедува вредни производи за нашите клиенти ширум светот оптимизирајќи ги за начинот на кој живеат и возат различни луѓе“, рече Тошихиро Сузуки, претседател на Suzuki за време на дебито на концептот, без да навлегува во дополнителни технички детали околу eVX.

Претходно оваа недела, Suzuki исто така објави дека потпишал заеднички договор за развој со Inmotive од Канада. Двете компании ќе работат на двостепен менувач за електрични возила, кој ќе се користи во идното ЕВ производство на Suzuki. Целта на компанијата е потенцијално да го прошири опсегот на електричните возила благодарение на зголемената ефикасност обезбедена од менувачот. Дали овој нов ЕВ менувач ќе биде имплементиран во сериската верзија на концептот eVX, останува да видиме.

 

Поврзани вести

Back to top button