fbpx

Премиера за Ford Explorer EV, електричен SUV наменет за Европа

Ford подготви уште една електрична верзија на свој легендарен модел. Овој пат станува збор за Explorer,  кој станува SUV на батерии наменет за Европа и му се приклучува на Mustang Mach-e во електричната постава на „Синиот овал“ на Стариот континент.

Сега Ford има два електрични теренци со слична големина за европскиот пазар, но она што е најважно е што тие се целосно неповрзани. Наместо да го постави Explorer на платформата на Mach-E, Ford го создаде својот најнов SUV спојувајќи се со Volkswagen, со оглед на тоа дека новиот електричен модел е поставен на MEB платформата на VW ID.4. Ford вели дека целосно електричниот Explorer го комбинира германскиот инженеринг со иконскиот американски SUV дизајн на марката, реосмислен за електричната ера специјално за европските клиенти.

Ford Explorer EV

Дизајнерска мешавина

Ford ги избегнува дизајнерските елементи на ID.4 за многу поцврст, квадратен изглед кој подобро се вклопува со името Explorer. Постојат суптилни стилски референци со северноамериканскиот Explorer, кој Европа го добива како PHEV, вклучувајќи го и третманот со C-столбот и дизајнот на задните светла. Очекувано, со оглед на тоа дека е електричен автомобил, Explorer EV нема класична решетка и се одликува со мазна предница.

Кога станува збор за ентериерот, забележливо е дека Explorer EV повеќе наликува на Mach-E отколку на Explorer со мотор на внатрешно согорување. Пред возачот се наоѓа самостојна дигитална група инструменти, но вистинскиот фокус на внатрешноста е огромниот портрет екран на допир од 14,6 инчи. Тука завршува сличноста со кабината на Mach-E бидејќи екранот на допир на Explorer е сместен во главната контролна табла, наместо да лебди пред него. Екранот е исто така навален наназад, па дури може да се помести за да ги земе предвид возачите со различна висина, а зад него има безбеден простор за складирање вредни работи.

Ford Explorer EV

Исто така, нема физички ротационен контролер што се пробива низ дното на екранот како што е во електричниот Mustang, а широката централна конзола (која нуди доволно простор за складирање за 15-инчен лаптоп) изгледа повеќе како нешто што би го нашле во традиционалниот SUV со погон на внатрешно согорување наместо дизајнот со отворен план што го има кај многу електрични возила.

Нова технологија

Под обвивката, очекувано, Explorer споделува многу со ID.4. Ford не откри многу за техничките детали и не наведоа која од опциите за погон и батерии ќе ги користи Explorer, но Auto Express вели дека поставата на Explorer ќе започне со модел од 170 КС напојуван од еден мотор и батерија од 52 kWh што овозможува домет од 351 километри, но може да се полни само со 130 kW.

Ford Explorer EV

Другите опции вклучуваат единечен мотор од 231 КС поврзан со батерија од 77 kWh што се полни со 170 kW и може да го однесе Explorer 539 км, додека најбрзиот модел е верзијата со погон на сите тркала, со двоен мотор со 340 КС и со домет од 491 км.

Explorer, исто така, носи нова технологија во европската постава на брендот, вклучително и Assisted Lane Change и, исто така, Clear Exit Assist, што обезбедува предупредувања за приближување на велосипедистите кога автомобилот е паркиран. Други гаџети што се вградени стандардно вклучуваат масажа на возачкото седиште, двозонска контрола на климата, влез без клуч и бесконтактна електрична задна врата.

Ford допрва треба да објави дополнителни детали за електричниот Explorer EV, но познато е дека компанијата цели на почетна цена под 45.000 евра кога ќе се отворат нарачките подоцна оваа година во Европа, а ќе бидат достапни две високо специфицирани верзии – Explorer и Explorer Premium. Инаку ова не е крајот на офанзивата на Ford со електрични возила на европскиот пазар. По Explorer EV ќе следува поспортски ЕВ повторно базиран на платформата VW MEB и уште помал Puma EV изграден на сопствената ЕВ платформа на Ford.

Поврзани вести

Back to top button