fbpx

Porsche Cayenne добива поголема моќност и нов ентериер

Германскиот производител Porsche подготви серија подобрувања и промени за својот SUV модел Cayenne за моделската година 2024

Porsche подготвува целосно електричен Cayenne, кој треба да се појави некаде во 2026 година, што значи дека на сегашната генерација и се одбројани деновите. Но, додека се чека електричниот SUV, германската марка подготвки сеопфатно освежување и на екстериерот и во ентериерот за актуелната генерација на Cayenne и Cayenne Coupe, вклучувајќи го и враќањето на V8 кај  Cayenne S.

Другата голема промена што ја направи Porsche е во ентериерот на Cayenne, со внатрешност што е инспирирана од Taycan. Достапен е патнички дисплеј од 10,9 инчи, додека централната конзола е променета со преместување на местото на менувачот на контролната табла.

Однадвор, Porsche Cayenne за моделската 2024 година има промени на речиси секој надворешен панел. Но, можноста да се одреди точно што е изменето може да се покаже како мал предизвик, со тоа што фејслифтингот е повеќе еволутивен отколку револуционерен.

Предните светла се репрофилирани, губејќи го ефектот на солза за поквалитетен пристап. Предниот браник е помалку „насмеан“, а предните браници и хаубата се редизајнирани за да го направат автомобилот да изгледа, според Porsche, „поатлетски“. Движејќи се кон задниот дел, забележливи се нови задни светла кои изгледаат како да ја зафаќаат широчината на задната врата, повторно позајмувајќи го дизајнерскиот јазик употребен во Taycan.

Porsche Cayenne 2024

За 2024 година има три нови бои, вклучително Algarve Blue Metallic, Montego Blue Metallic и Arctic Grey. Дополнително, се нуди нова палета на дизајни на бандажи, од 20 до 22-инчни опции.

Зголемување на моќноста

Сите понудени варијанти на мотори добија благо зголемување на моќноста за новата моделска година, од основниот единечен турбо 3,0-литарски V6, до битурбо 4,0-литарскиот V8 мотор на Turbo GT. Најголемата вест е дека Cayenne S го отфрли битурбо V6 на појдовниот модел за ново рафинираниот битурбо V8, со зголемена моќност од 34 КС 50 Nm дополнителен вртежен момент за вкупно 474 КС и 599 Nm. Новиот мотор го намалува спринтот од место до „стотка“ од 4,8 секунди на 4,6 секунди (двата пати со пакетот Sport Chrono), додека максималната брзина на Cayenne S е ограничена на 270 км/ч.

Стандардниот турбо V6 мотор на почетниот Cayenne испорачува 353 КС и 499 Nm, што е 13 КС и 49 Nm повеќе од порано. Истиот мотор е дел од хибридната поставка на моделот E-Hybrid. Покрај надградениот мотор, хибридот има и поголема високонапонска батерија, при што неговиот капацитет се зголемува од 17,9 kWh на 25,9 kWh. Комбинираната моќност на E-Hybrid е 469 КС.

И на крај, битурбо V8 моторот на Turbo GT, кој останува предводник на линијата и е достапен само во купе каросеријата, испорачува 659 КС, со максимална брзина од 302 км/ч.

Porsche Cayenne 2024

Под „кожата“ се наоѓа и освежен систем на суспензија за Cayenne од 2024 година. Porsche Active Suspension Management (PASM) сега доаѓа како стандардна опрема, додека надградените амортизери се користат низ целата гама. Porsche тврди дека овие нови амортизери со два вентили се оптимизирани за сите ситуации на возење. Тие се карактеризираат со одделни етапи за враќање и компресија, што се претвора во подобро возење при помали брзини и подобрено управување при агресивни свиоци. Воздушната суспензија останува опција, а моделот од 2024 година има свои ревизии за да се подобри.

Porsche тврди дека од оваа година стандардно нудат многу технологија, вклучително и Matrix LED фарови, PASM и куп опции за активна безбедност.

Поврзани вести

Back to top button