fbpx

Пад на дизелите, скок на SUV изведбите, во Европа во 2017

JATO Dynamics објави дека во изминатата година, во бизнисот со нови автомобили во Европа се забележува стабилно подобрување, а како резултат на тоа е ниво од 15.57 милиони пласирани единици (+ 3.1%) и е најдобро достигнување од 2007 година, па досега

Од агенцијата коментираат дека главните „виновници” за успехот во 2017 се зголемената побарувачка во Источна (12,7%) и Јужна Европа (6,2%). Во исто време, во последниот месец од минатата година беа регистрирани најслабите показатели за декември во последните пет години.

Од JATO Dynamics истакнуваат дека побарувачката на нови дизел автомобили во текот на изминатата година е намалена за 7.9%, односно реализирани се 6.76 милиони единици, кои учествуваат со 43.7% од вкупниот автомобилски пазар во Европа за 2017 година и претставува рекордно ниско ниво на удел во последните 10 години.

На позадината на падот на побарувачката на дизел автомобили во текот на изминатата година, кај бензинските се забележува општ раст од 10,9% или 760.000 пласирани единици, а реализацијата на оние со алтернативен погон достигнала 737.400 единици (+ 46.1%), што е еквивалентно на само 4.8 % од пазарот.

„Главниот дел од порастот во 2017 година е благодарение на SUV изданијата, кои сочинуваат 4,56 милиони регистрации во 2017 година“, потенцираат од JATO Dynamics. „За споредба, SUV регистрациите во 2016 година беа само 3.81 милиони единици, што значи дека има позитива од 19.5% во сегментот во 2017. Како резултат на тоа, пазарниот удел на SUV возилата се зголеми од 25,2% во 2016, до 29.3% во 2017 година. Силен контраст во споредба со 2007 година, кога SUV имаше само 8,5% удел на пазарот”

Поврзани вести

Back to top button