Најубав автомобил на годината за 2017 е Alpine A110
Организаторите на изборот за Најубав автомобил на годината објавија дека победник и носител на титулата за 2017 година е ревитализираната креација од Renault, од легендарниот бренд Alpine, моделот Alpine A110
„Оваа награда е огромно признание за сите оние кои дадоа полн придонес и толку многу од својата енергија за враќањето на овој симбол на супериорност и француската елеганција повторно во живот”, истакна Карлос Гон, претседател и извршен директор на Renault-Nissan-Mitsubishi.
До финалната фаза на трката во изборот Најубав автомобил на годината за 2017 стигнаа: Alpine A110, Volvo XC60, DS7 Crossback, Jaguar E-Pace, Mazda MX-5 RF и BMW X2, а во неговите претходни две изданија победници станаа Alfa Romeo Giulia и Renault Talisman.