Honda го враќа Passport во гамата
Honda планира да лансира нов кросовер и да го оживее името Passport, тврдат од Automotive News, кои се базираат на негови извори од брендот
Според првичните информации, новиот автомобил ќе го заземе местото во гамата помеѓу CR-V и Pilot. Кросоверот ќе биде околу 15 сантиметри пократок од Pilot, со кого ќе ја дели платформа. Должината на Passport ќе биде околу 4.800 mm, што значи дека ќе биде поблиску до Nissan Murano и Toyota Fortuner.
Honda ќе го прикаже моделот на своите дилери во САД на специјален настан во ноември, а официјалната премиера ќе биде на салонот за автомобили во Лос Анџелес. Производството на кросоверот ќе биде сконцентрирано во фабриката во Линколн, во Алабама, каде во моментов се составуваат теренецот Pilot, пикапот Ridgeline и мини Odyssey.
Honda Passport
Новиот Passport ќе биде дизајниран само за американскиот пазар, каде што ќе биде четвртиот SUV модел во опсегот на брендот. Претходниот модел, кој беше верзија на Isuzu Rodeo, беше произведуван од 1994 до 2002 година и беше првиот SUV на Honda.