Harley-Davidson лансира електричен мотоцикл догодина
Американската компанија Harley-Davidson потврди дека во рамките на следните 18 месеци ќе го претстави серискиот електрични мотоцикл
Проектот носи име LiveWire и со него компанијата сака да се етаблира како лидер меѓу електричните изведби на две тркала.
Прототипот на електричниот мотор на Американците – нејкид бајкот LiveWire беше претставен во 2014 година, а погонот му е доверен на електромотор со моќност од 75 КС, кој црпи енергија од батерија со капацитет 7 kWh. Забрзувањето на LiveWire од 0 до 96 km/h e за 4 секунди, а максималната брзина е 160 km/h. Автономијата со едно полнење е 80 километри, што секако ќе биде променето за сериската верзија. Се претпоставува дека ќе порасне барем двојно.
„Целта на компанијата е да го лансира својот прв електричен мотор за 18 месеци. Со ова најавуваме дека планираме да инвестираме поагресивно, за да бидеме лидер во воведувањето на електричните технологии кај мотоциклите и да инспирираме нови кориснички групи.
Пазарот на електрични мотоцикли од ден на ден се засилува, но ние веруваме дека луксузните електричните мотоцикли на Harley-Davidson ќе помогнат да ја засилиме возбудата и интересот кон нив на глобално ниво”, коментира Мет Леватич, претседател и извршен директор на Harley-Davidson. „Проширувањето на нашите способности и посветеност во областа на електрификација, расте се повеќе и повеќе”.