Викенд тарифа: Rimac Nevera постави 23 рекорди во еден ден
Rimac Nevera продолжува да урива рекорди бидејќи електричниот хиперавтомобил имаше исполнет ден на тест патека во Германија
Rimac и Pininfarina станаа сериозни ривали кога станува збор за електричните хиперавтомобили. Иако Pininfarina е развиена со технологија на Rimac, двете компании постојано се натпреваруваат во изминатите неколку години, но сега на ред дојде хрватската компанија откако Nevera постави 23 брзински рекорди во еден ден.
На сликата подолу можете да го видите целосниот список на бројки кои ѝ пркосат на физиката, но некои од најистакнатите достигнувања вклучуваат четвртина милја од 8,25 секунди, 0-300 км/ч за 9,2 секунди и 0-400 км/ч за 21,31 секунди. Сите тие бројки беа снимени во Германија, независно потврдени од трети страни.
Сепак, Rimac е најмногу горд на времето што и е потребно на Nevera за да стигне до 400 км/ч и повторно да се врати на нула, тврдејќи дека овој комбиниран тест на драг, забрзување, моќ, аеродинамика, сила на сопирање и зафат е крајната мерка за перформанси на права линија кај еден хиперавтомобил.
Nevera ја заврши работата за 29,93 секунди, надминувајќи го претходниот рекордер за повеќе од една секунда, иако во тој случај поразениот шампион не беше Battista, туку Koenigsegg Agera RS, кој успеа 31,49 секунди во 2019 година.
Само за потсетување, Rimac Nevera доаѓа со четири електромотори кои заеднички генерираат 1.914 КС и 2.360 Nm.