fbpx

Премијата Citroen C3 отпатува за Тетово

Добитник на премијата во награданата игра „Купи гума и вози се со Citroen C3“, на еден од најголемите дистрибутери на пневматици во Македонија, компанијата Stop&Go, која траеше три месеци, е Миран Касими од Тетово

Во наградната игра која се одвиваше од 1 ноември до 31 јануари, во која освен главната премија беа доделени и дриги награди учествуваа купоните од повеќе центри на компанијата Stop&Go во нашата држава, од Битола, Куманово, Тетово и Скопје.

Во неа можеше да учествува секој што во овој период купи гума во некој од овие центри, пополнувајќи купон за учество. Наградите беа извлечени пред голем број клиенти и гости во рамките на сервисниот центар во Скопје, пред комисија која го следеше извлекувањето. Клучевите од новиот Citroen C3, кој беше главната награда во играта, ќе му бидат предадени на Миран Касими од Тетово. Ваучер од 20.000 денари за фелни од брендот МАК доби Маријан Мaрковски .

Citroen C3

Со нов сет гуми од марката Hankook и Laufen се здоби Златко Димовски од Битола. Баучер од 5.000 денарио за акумулатор е Бињамин Кадри од Скопје, а од 2.000 денари за промена на масло Викторија Мирчевска од Прилеп. За промена на фреон во еден од сервисните центри на компанијата ќе може да се јави Ирфан Реџепи.

Citroen C3

Поврзани вести

Back to top button