fbpx

Alfa Romeo, Suzuki и Sеаt најголемите добитници во Европа

Alfa Romeo, Suzuki и Sеаt се компаниите со најголем пораст на европскиот пазар за минатата година, според АСЕА (Здружение на производители на автомобили)

Пазарот во 2017 година порасна за 3,3 отсто, или вкупно се реализирани 15,63 милиони возила.

Најголем пораст забележа Alfa Romeo, чија продажба порасна за 30 отсто, или вкупно 85.700 возила. Најголема заслуга за ваквото остварување имаат новите модели Giulia и особено Stelvio, кои се појавија на повеќето европски пазари во текот на минатото лето. Сепак, аналитичарите истакнуваат дека Alfa Romeo, останува под целите поставени од главниот извршен директор на Fiat-Chrysler, Серџо Маркионе, кој најавуваше повисоки дострели.

Со 21% пораст во европските продажби може да се пофали Suzuki, најмногу благодарение на новата генерација на градскиот модел Ignis, која компанијата го претставува како „ултракомпактен SUV”. Во Seat, зголемувањето е 14%, главно поради извонредниот пласман на Ateca, првиот SUV на шпанската подружница на VW. Со појавата на вториот модел, кросвероt Arona, се очекува зголемување на продажбата и во 2018 година.

Toyota, исто така, може да се пофали со 13% раст – нешто што не беше остварливо за пазарот на Стариот континент со години. Зголемените продажби се должат речиси целосно новиот кросовер C-HR, чиј необичен дизајн го направи хит на многу европски пазари и му донесе над 100.000 трансакции. Речиси сите производители остварија раст на Стариот континент во 2017. Исклучоците се DS (луксузната марка на Citroen со пад од 30%), Honda (-12%) и Lancia (-9%).

Инаку, трите најпродавани брендови во Европа остануваат непроменети: Volkswagen (1,7 милиони продажби), Renault (1,15 милиони) и Ford (986.956). Оpel и Peugeot, кој сега се под капата на францускиот бренд, ги држат четвртата и петтата позиција. Во премиум сегментот, Mercedes евидентира раст од 6,4%, BMW + 0,5%, а Audi -0,5%.

Поврзани вести

Back to top button