fbpx

Калифорнија со пет милиони електрични возила до 2030

Калифорнија сака да има сериозно електрифицирана транспортна флота

Гувернерот Џери Браун најави план за пет милиони електрични возила со нулта-емисија на државните патишта до 2030 година и потпиша налог за обврските на државата за ова.

Во својата изјава, Браун, кој беше гувернер во 70-тите и 80-тите години на минатиот и во првата деценија на овој век, ја нагласи мошне амбициозната цел. Навистина мошне храбро и одважно, бидејки многумина сметаат дека нема да се остварат претходните најави на оваа на оваа тема, а камо ли овој план!?

Досега во повеќе наврати беше апострофирано дека во Калифорнија ќе има до 1,5 милиони електрични автомобили до 2025 година, но ова тешко ќе биде остварено, главно поради недостаток на доволно разгранета инфраструктура за полнење на истите. Во моментов, Калифорнија е прва во Соединетите Држави на ова поле, со регистрирани околу 350.000 електрични автомобили. Калифорнија е најнаселена држава во САД и има 14,5 милиони регистрирани возила, а Браун сака најмалку една третина од флотата да биде со нулта-емисија во иднина.

– Нашата цел е да ги направиме нашите фарми, куќи и дворови поздрави, нашите автомобили почисти. Колку порано – толку подобро! Ние сите треба да работиме напорно, размислете за нашите активности за почиста средина, а тогаш и воздухот ќе биде далеку почист.

Најголемиот проблем пред амбициозниот план на гувернерот е како да се најде доволно места за бројните предвидени станици за полнење. Во моментов, државата има околу 12.000. Извршувањето на планот на гувернерот бара инвестиција од преку 2,5 милијарди долари за да достигне мрежа од 250.000 полначи до 2025 година, а таа бројка треба да се удвои за до 2030. Навистина преамбициозно?!

Поврзани вести

Back to top button