fbpx

Nikola покажа водородeн камион со 1.000 „коњи“

Американската старт-ап компанија, Nikola Motor, објави видео кое прикажува камион на водород со моќ од 1.000 коњски сили во движење

Во моментов, компанијата, заедно со Bosch, развива два водородни модели со имиња One и Two, кои ќе се појават до 2021 година. Во оваа верзија,Nikola One ќе започне со тестови на патишта уште во 2019 година. Камионот е опремен со погонска единица на горивни ќелии во која електричната енергија се развива како резултат на хемиска реакција помеѓу водородот и кислородот.

Nikola One

https://www.youtube.com/watch?time_continue=16&v=IAToxJ9CGb8

Неколку електрични мотори со вкупна моќност од 1.000 коњски сили се напојуваат во движење, а 320 KWh батерии ќе обезбеди автономија од 800 до 1.600 километри со едно полнење. Водородните камиони ќе им бидат понудени на клиентите на посебна 72-месечна програма за лизинг со придонеси од 5.000 до 7.000 долари месечно.

Nikola

Поврзани вести

Back to top button