fbpx

Le Figaro: Карлос Гон ќе остане на чело на Renault

Најверојатно, Карлос Гон, ќе ја задржи функцијата главен извршен директор на францускиот гигант, најзначајниот „запчаник“ од Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi

Ова го тврди францускиот весник Le Figaro, во пресрет на следниот состанок на акционерите во компанијата.

До неодамна се сметаше дека 63-годишниот Гон ќе ја предаде функцијата на свој наследник во јуни, кога истекува неговиот договор да раководи со Renault и ќе преземе нова, повеќе репрезентативна улога, да е на врвот на Renault-Nissan-Mitsubishi.
Le Figaro
Наместо тоа, Renault планира да назначи замена за Гон, но да работи под негово директно водство. А, на следното собирање на бордот на директори на Renault на 15 февруари да биде предложено продолжување на договорот на Гон како CEO на компанијата, а веќе е сигурно дека тој добива и поддршката од државата, која исто така е акционер во Renault со 15%. Портпаролот на Renault одби да го коментира прашањето за Ројтерс.

Renault поседува 43,4 проценти од Nissan, а Нисан поседува 34 проценти од Mitsubishi Motors. Алијансата ја заврши 2017 година како најголем светски производител на автомобили, а од ова многу работи му се препишуваат токму на Гон.

Поврзани вести

Back to top button