fbpx

Mercedes ги претстави новите AMG GLC модели

Новите Mercedes-AMG GLC 43 и GLC 63 S E Performance ги добиваат истите четирицилиндрични погонски единици од седаните од AMG C-Class

Mercedes-AMG ја откри својата интерпретација на најновиот GLC и најголемата вест е што и V6 и V8 моторите во старите модели 43 и 63 се заменети со четирицилиндрични агрегати. Но, и покрај тоа, двете верзии создаваат многу поголема моќност од моделите што ги заменуваат благодарение на технологијата за електрични турбополначи позајмени од Formula 1. GLC во суштина е висока C-класа, изградена околу истата платформа, така што можеше да се очекува дека SUV моделот ќе ги наследи истите мотори како седанот.

AMG GLC 43

Тоа значи дека Mercedes-AMG GLC 43 го губи својот благ хибриден турбо V6 и наместо тоа добива 2,0-литарски четирицилиндричен агрегат исто така со блага хибридна помош. Стариот V6 43 генерира респектабилни 390 КС, но новиот AMG GLC 43 го надминува тоа со 421 КС, притоа добивајќи дополнителни 14 КС кои доаѓаат од стартер-генераторот.

Како и досега, моќноста се испраќа на сите четири тркала преку деветстепен автоматски менувач. Забрзувањето од место до „стотка“ сега се достигнува за 4,8, наместо 4,9 секунди, додека вртежниот момент од 500 Nm сега е за 20 Nm помал. Новите погонски единици трошат помалку гориво, а со додавањето на управување на задната оска, новиот SUV станува многу поагилен.

AMG GLC 63 S E Performance

GLC 63 S E Performance, исто така, ја користи истата основна технологија M139L, но е многу посериозна машина со перформанси благодарение на поголемиот турбополнач и додавањето на PHEV хардвер за прв пат на еден AMG GLC модел. 2,0-литарскиот мотор кај GLC 63 S E Performance испорачува 476 КС и 545 Nm, што е помалку од 510 КС и 700 Nm колку што имаше стариот V8 на AMG GLC 63 S. Но, до моментот кога ќе се додаде електричното засилување на хибридниот систем на новиот модел P3, вкупната моќност се зголемува на 680 КС и масивни 1.020 Nm вртежен момент.

Mercedes-AMG GLC

Електричната моќност доаѓа од електричен мотор со 204 КС сместен на задната оска и му помага на најмоќниот GLC да достигне од место до „стотка“ за 3,5 секунди. Тоа е повеќе од стариот GLC на кого за истото му беа потребни 3,8 секунди, а може да се спореди со новиот седан C 63 S E Performance кој работи со истиот погон, а за спринтот 0-100 км/ч му се потребни 3,4 секунди.

Mercedes-AMG GLC

Како и кај другите plug-in хибриди на AMG, C 63 и S 63, хибридниот систем на GLC 63 е тука за да ги подобри перформансите, а не да овозможи долготрајно возење исклучиво на електрична енергија. Малата батерија од 6,1 kWh обезбедува 80 kW континуирана моќност и 150 kW до 10 секунди, но нуди само електричен опсег на возење од 12 километри.

Дизајнерски карактеристики

Пристигнувајќи нешто повеќе од една година по Mercedes-Benz GLC, AMG верзиите засега се откриени само кај „обичниот“ SUV, иако до крајот на годината се очекува и AMG GLC Coupe. И GLC 43 и 63 ја имаат заштитната AMG Panamericana решетка со своите вертикални шипки.

Mercedes-AMG GLC

Кога станува збор за дизајнерските карактеристики кои ќе ги разликува двата модели, AMG GLC 43 стандардно е поставен на тркала од 19 инчи и доаѓа со ротори за сопирање од леано железо од 370 mm (напред) и четириклипни шапи, додека 63 добива надградба на тркала од 20 инчи, карбонски керамички сопирачки од 390 mm и шестклипни шапи. Исто така, има некои очигледни разлики во задниот дел, каде што 63 има подобрена верзија на задниот дифузор кој се наоѓа на 43, плус четири издувни цевки со трапезоиден, наместо кружен, дизајн.

Mercedes-AMG GLC

Воланот покриен со Nappa кожа и микрофибер ја одбележува кабината на AMG GLC 63, додека кај 43 имма само Nappa кожа. Исто така, верзијата 63 има осум режими на возење додека 43 „само“ пет. Разликата е и во тоа што 63 може да испрати до 100 проценти од својот вртежен момент на задната оска, додека поделбата на вртежниот момент на 43 напред-назад е фиксирана на 31:69 проценти.

Дополнителни пакети

Mercedes-AMG нуди Night и Carbon пакети за затемнување на некои или сите хромирани облоги на GLC и додавање на композитен накит, додека пак AMG Styling Package додава повеќе аеро елементи за да ја зголеми атмосферата на перформансите. Но, за сопствениците кои навистина сакаат да се истакнат, постои моделот за лансирање Edition 1. Достапен само во првата година од производството и во избор на Graphite Grey Magno или High-Tech Silver Magno, се одликува со сјајни жолти шапи на сопирачките, жолти безбедносни појаси и внатрешни шевови.

Mercedes-AMG GLC

Mercedes не ги откри цените или датумите на продажба за AMG GLC 2024, но се очекува двата модели да се најдат во продажните салони до крајот на годината.

Поврзани вести

Back to top button