Audi откри дека новиот Q6 e-Tron ќе има до 517 КС и 600 километри опсег
Новиот Audi Q6 e-Tron ќе може да помине и до 600 километри со полна батерија и да поддржува брзини на полнење од 270 kW
Целосно електричниот Audi Q6 e-tron е се поблиску до својата производствена фаза, а германскиот производител го најави пред светот откако одредени претставници на медиумите имаа можност да го тестираат камуфлирани прототип верзии на возилото.
Новиот Q6 e-tron е најавен пред повеќе од две години, но овојпат се објавени и неколку детали и спецификации за новиот електричен кросовер на Audi. Но, најпрво за дизајнот. Од визуелна гледна точка, ако се суди според фотографиите, тој има малку помек изглед и има предна табла на која доминираат тенки LED предни светла и голема вештачка решетка завршена во бела боја на овие прототипови.
Од друга страна, забележливо е дека дизајнерите на Audi направија доста агресивен преден браник за електричниот теренец. Задниот дел на Q6 e-tron е исто така доста забележлив благодарение на задните LED светла, LED светлосна лента со целосна ширина и дифузерот во боја на каросеријата. Овие прототипови, исто така, седат на сет на впечатливи целосно бели тркала, но не треба да се очекува дека истите ќе се најдат во производство.
Нова технологија за Matrix LED светлата
Audi Q6 е-Tron ќе пристигне со нова технологија за активно осветлување што го прави ова ЕВ попаметно и побезбедно. Q6 E-Tron ја проширува технологијата на Matrix светлата на Audi со нудење активно осветлување. Ако е опремен со оваа опција, Q6 e-Tron може да се менува помеѓу осум различни дизајни на предните светла, од кои некои имаат треперлив ефект. Истото е и на задниот дел; OLED задните светла го имаат истиот треперлив изглед, што е нешто што ниеден друг производител на автомобили не го нуди.
Но, само до изгледот, туку има и безбедносни предности. Ако навигацискиот систем на Audi Q6 e-Tron открие сообраќаен метеж или несреќа на патот, може да го смени задниот OLED дисплеј за да прикаже предупредувачки триаголник, предупредувајќи ги возачите зад вас дека нешто се случува напред. Слично на тоа, кога Q6 e-Tron е во својот автоматизиран режим на паралелно паркирање, задните светла на автомобилот ќе го стават овој потпис заедно со трепкачот, со што останатите учесници во сообраќајот ќе знаат дека се враќате во тој простор.
Нова архитектура
Audi Q6 e-tron е поткрепен со новата архитектура на Premium Platform Electric (PPE) развиена заедно од Audi и Porsche. Оваа архитектура има систем од 800 волти и овозможува брзини на полнење до 270 kW, што значи дека батеријата може да се наполни од 10 до 80% за помалку од 30 минути. Audi ќе го продава електричниот SUV и во стандардни верзија Q6, како и во спортска верзија SQ6.
Во основата на двата модели се наоѓа пакет батерии од 100 kWh. Стандардниот модел ќе биде управуван од два електрични мотори кои произведуваат приближно 380 КС со засилување на моќноста што ја зголемува оваа моќност на 401 КС за кратки периоди. Audi верува дека може да постигне досег од 600 километри со стандардниот модел според циклусот WLTP. Што се однесува до водечкиот SQ6, Audi посочи дека истиот ќе биде во можност да испорачува 490 КС, односно 517 КС со режимот за засилување. Според најавите, забрзувањето од место до „стотка“ се очекува да биде околу 4,5 секунди.
Audi официјално ќе го претстави Q6 e-tron пред крајот на оваа година, а во меѓувреме сигурно ќе бидат објавени и нови детали.