Се појави нов светски производител од Виетнам
Виетнамската компанија за недвижнини, Vingroup, почнува со производство на автомобили, со амбиции да им конкурира со своите модели на оние од Mazda и Subaru до 2025 година
Ваквите вести обично предизвикуваат благи насмевки, но во случајот со Vingroup, не би терале шега, бидејќи иницијалната инвестиција во производството на возила е 1,5 милијарди долари, објави The Financial Time. Компанијата со седиште во Ханој има амбиција да се претвори во глобален гигант. Што се однесува до автомобилската поделба, планот на Vingroup е да произведува најмалку 500.000 автомобили годишно до 2025 година.
Портпаролот на Vingroup потврди за Reuters дека очекува оваа фабрика да биде изградена и да биде оперативна веќе оваа година.
Планираната површина на претпријатието за изградба изнесува 335 хектари. Првата продукција ќе биде електрични мотоцикли, а до крајот на 2019 година од лентите треба да се спуштат првите автомобили. Во стартната фаза на проектот Виетнамците ќе прават два модели – седан и SUV, со обем меѓу 100 и 200 илјади машини годишно. Моторите и главните компоненти за суспензија ќе бидат купени преку лиценци од европски и американски производители, соопштија од компанијата.