fbpx

Невиден интерес за Polestar 1

Иако се уште официјално не почнал да се продава, првиот модел на Polestar во историјата на брендот, како независна компанија, веќе е вистински хит, па веќе се кројат поинакви планови за нивото на производство

Првично, Швеѓаните планираа да произведуваат само 500 единици на возилото годишно во рок од три години. Сепак, од премиерата на Polestar 1, повеќе од 5.000 потенцијални клиенти изразија интерес за ова остварување и тие истите чекаат кога компанијата ќе стартува со нарачките.

Polestar

Polestar моментално ја гради својата прва фабрика, која ќе биде позиционирана во Кина.


Плановите се таму за да го прават Polestar 1 во една смена дневно, но ако интересот продолжи да расте, има поголема побарувачка, ќе следи зголемување на производството, што значи воведување и на ноќна смена. Polestar

Polestar 1 ќе биде вистински предизвик за Швеѓаните, бидејки ова е првиот автомобил на Volvo со каросерија од јаглеродни влакна, со посебна конструкција и многу нови технологии кои за прв пат ќе бидат вградени во ова изданије.
Polestar

Поврзани вести

Back to top button