fbpx

Nissan, Honda и Toyota се заканија дека ќе ја напуштат Велика Британија

Nissan, Honda и Toyota ќе ја напуштат Британија ако Brexit ги наруши трговските бариери меѓу земјата и ЕУ, предупредија трите компании за време на нивниот состанок со премиерот Тереза Меј

На состанокот со Меј присуствуваа претседателот на Nissan Europe, Пол Вилкокс, извршниот директор на Toyota, Јохан Ван Сул, и шефот на Honda Europe, Jан Хавелс. Тие и посочија на британската премиерка дека јапонските гиганти учествуваат во производството на речиси половина од 1.67 милиони автомобили кои годишно се прават во Велика Британија.

Nissan, Honda и ToyotaЈапонскиот бизнис инвестираше повеќе од 50 милијарди евра во Велика Британија во последниве децении, по уверувањата од серија влади, од Маргарет Тачер, па се до најавата за Brexit, дека ќе им биде гарантиран слободен пристап до пазарите на Стариот континент. Минатиот мај, Меј лично ги увери претставниците на Nissan и Honda дека напуштањето на ЕУ нема да создадат пречки за нивниот бизнис. Меѓутоа, настаните од последниве месеци, се повеќе убедливо, имплицираа дека бариерите меѓу Велика Британија и ЕУ допрва ќе се надградува.

-Ако операциите во Велика Британија престанат да бидат профитабилни, ниедна приватна компанија нема да продолжи со овие операции, рече амбасадорот на Јапонија во Лондон, Који Цуруока, по состанокот.

Повеќето јапонски и други странски корпорации инсистираа на одреден период, до 2020 година, до кога беше напоменато дека Обединетото Кралство ќе остане дел од единствениот европски пазар. Меј, сепак, беше решена дека нејзината земја ќе ја напушти Унијата во мај 2019 година.

Евентуалното повлекување на јапонските производители ќе предизвика сериозен социјален ефект на Островот. На пример, Nissan, преку својата фабрика во Сандерленд е најголемиот работодавец во градот и неговата околина. Парадоксично, мнозинство граѓани во Сандерленд гласаа во корист на Brexit на референдумот, практично ризикувајќи да го отфрлат својот главен извор на приход.

Поврзани вести

Back to top button