fbpx

Освежениот Opel Combo доаѓа со електричен, дизел и бензински погон

Освежениот Opel Combo е првото лесно комерцијално возило на германската марка кое го добива третманот на Opel Vizor

Stellantis неодамна откри еден куп фејслифтирани лесни комерцијални возила и сега секоја марка самостојно ги претставува своите модели со поголеми детали. Така, Opel го покажа ажурираниот Combo, кој доаѓа со редизајниран лик и повеќе технологија во кабината. За разлика од патничката верзија која ќе биде само ЕВ верзија и која ќе следи наскоро, комерцијалното возило е достапно и со бензински и дизел погонски единици.

Тековната четврта генерација на Opel Combo беше претставена во 2018 година, споделувајќи ги повеќето од неговите компоненти со Citroen Berlingo, Opel Partner, Toyota ProAce City, а од неодамна и Fiat Doblo. За 2024 година, комбето е освежено, а го добива и третманот на Opel Vizor што веќе се наоѓа во целата патничка линија на производителот на автомобили.

Opel Combo

Новото лице на Opel Combo има потенки фарови, опционално достапни со Intelli-Lux LED Matrix технологијата за прв пат во LCV гамата. Како што налага тековниот стилски јазик на Opel, светлата се поставени под истиот панел „Vizor“ што ја покрива решетката. Понатаму, редизајнираниот браник доби меѓусебно поврзани доводи, додека хаубата сега е на исто ниво со решетката.

Тука завршуваат надградбите на надворешноста, при што остатокот од каросеријата се пренесува од претходната верзија. Како и со сите понуди на Stellantis во сегментот на компактните комбиња, Opel Combo е достапен во стандардна и издолжена каросериска верзија.

Opel Combo

Надградби во ентериерот

Внатре, внимание привлекува новата 10-инчна дигитална група инструменти зад редизајнираниот волан. Ова е комбинирано со потенок, слободно стоечки 10-инчен екран на допир за инфозабава. Дигиталниот кокпит работи на Snapdragon Cockpit платформи од Qualcomm Technologies и ги поддржува најновите функции за поврзување. Безбедноста е исто така надградена со Dynamic Surround Vision со двојна камера и до 18 достапни системи за помош и асистенција вклучително и опционален адаптиен темпомат.

Opel Combo

Новиот Opel Combo може да се добие со две или три седишта напред, додека верзијата со пет седишта Crew Cab е достапна и наменета за професионалци кои сакаат да превезуваат повеќе луѓе. Во зависност од каросеријата, комбето нуди до 4.400 литри товарен простор. Во целосно електричен облик, има носивост од 780 килограми и капацитет на влечење од 750 кг.

Опции за бензин, дизел и електрична енергија

Opel Combo Electric доаѓа со единечен електричен мотор кој произведува 136 КС и 270 Nm вртежен момент, кој ја добива енергијата од батериите од 50 kWh. Иако тие спецификации се идентични со неговиот претходник, опсегот е зголемен на 320 километри благодарение на додавањето топлинска пумпа и промените во системот за регенеративно сопирање.

Поставата вклучува и бензински и дизел верзии, најверојатно со погонските единици 1.2 PureTech и 1.5 BlueHDi. Бензинот ќе биде исклучиво достапен со мануелен менувач, додека дизелот ќе нуди и опција за автоматски менувач.

Пазарното лансирање на фејслифтираните Opel Combo и Combo Electric е закажано пред крајот на годината. Слободно може да се претпостави дека Opel наскоро ќе го лансира и фејслифтираниот миниван Combo Life, кој е само електрична патничка верзија на комерцијалното возило.

Поврзани вести

Back to top button