fbpx

Новиот Avenger пристигна во салонот на Jeep

Најмладиот член во поставата на Jeep во Европа, моделот Avenger, сега е достапен и за македонските купувачи

Македонскиот пазар отсега е збогатен со најмладиот и најмалиот кросовер во понудата на Jeep, моделот Avenger. Малиот SUV кој е дизајниран за европскиот пазар пристигна во салонот на Jeep во Скопје, а она што вреди да се истакне е дека моделот беше прогласен за Европски автомобил на годината за 2023 година на Саемот за автомобили во Брисел.

Надворешноста се одликува со новиот, еволутивен дизајнерски јазик на Jeep, но ги следи препознатливите елементи на марката со решетка со седум отвори, поделени LED светла, мускулести браници, трапезоидни лакови на тркалата, LED графика во облик на X на задните светла, заштитни плочи за подвозјето во алуминиумски стил и голема доза пластична обвивка на браниците и страничните прагови.

Jeep Avenger

Внатре, дизајнот е едноставен со хоризонтална контролна табла во боја на каросеријата, дигитален кокпит и повеќе прегради за складирање со вкупен капацитет од 34 литри во предниот ред во комбинација со багажник од 380 литри. 10,25-инчниот слободно стоечки екран на допир ја вклучува најновата инфозабава Uconnect која е компатибилна со безжичната Apple CarPlay и Android Auto компатибилност, во комбинација со 7-инчен или 10,25-инчен дигитален инструмент кластер.

Електрична и бензинска варијанта

Jeep Avenger се базира на архитектурата eCMP, која се користи и кај други електрични модели на групацијата Stellantis. Покрај електричниот погон, со кој Avenger дебитираше, на македонскиот пазар достапен е и бензински мотор, односно со 1,2-литарскиот турбо бензинец кој испорачува 100 КС и 205 Nm вртежен момент кои се испраќаат на предните тркала преку шестстепен рачен менувач. Електричната верзија, пак, произведува 156 КС и 260 Nm вртежен момент, додека енергијата се складира во батерија со капацитет од 54 kWh која е поставена под предните и задните седишта и централниот тунел. Jeep тврди дека опсегот е 400 километри во комбиниран циклус, односно до 550 км во урбаниот циклус каде електричните возила се најефикасни.

Jeep Avenger

Во согласност со филозофијата на марката, моделот нуди најдобар клиренс во својот сегмент кој се наоѓа на 200 милиметри од земјата, додека има одлични агли надвор од патот благодарение на кратките надвиснувања. Поконкретно, аглите на приближување и прекршување се 20 степени, а аголот на поаѓање е 32 степени. Моделот стандардно доаѓа и со Jeep Selec-Terrain (со режими Normal, Eco, Sport, Snow, Mud и Sand) и контрола на спуштање по нагорнина.

Моделот е веќе изложен во салонот во Скопје каде можете да го погледнете, а повеќе информации можете да најдете на официјалниот сајт на Jeep во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button