Елон Маск предупредува: Кина е огромна закана за западните производители
Извршниот директор на Tesla ги опиша кинеските брендови како „исклучително добри“ и „најконкурентни“ во светот
Илон Маск и Tesla постигнаа извонреден успех во последните неколку години, ставајќи ги традиционалните западни производители во подредена ситуација и ЕВ на врвот на листата на најпродавани во Европа за прв пат досега. Но, дури и извршниот директор на Tesla не штедеше зборови кога ја опишуваше заканата од кинеските брендови за електричните возила.
Маск предупреди дека кинеските производители ќе ја „уништат“ нивната глобална опозиција доколку другите држави не наметнат трговски бариери за да го оневозможат новиот бран електрични автомобили што доаѓаат од Далечниот Исток.
„Ако не се воспостават трговски бариери, тие во голема мера ќе ги уништат повеќето други автомобилски компании во светот“, известува Reuters. „Тие се исклучително добри“, рече Маск за кинеската индустрија чии шанси за доминација во светот ги исмејуваше уште во 2011 година.
Искреното предупредување на шефот на Tesla доаѓа набргу откако BYD ја надмина американската компанија и стана најпродаван бренд за електрични возила во светот во последниот квартал на 2023 година. Иако Tesla масивно ги намали цените во текот на годината, во обид да достигне поголем промет во однос на профит и успеа да го победи Sandero на Dacia на врвот на европските продажни топ листи, не успеа да го задржи BYD зад себе. Кина, исто така, ја престигна Јапонија како најголем светски извозник на автомобили во текот на 2023 година и се чини дека сигурно ќе го повтори тој успех во текот на 2024 година кога ќе почне да ги шири своите продажни активности во Европа.
Маск не е сам меѓу западните автомобилски шефови што е загрижен за кинеската закана, но тој има неколку планови за „борба“ против оваа закана. Уште од претходно е најавено дека Tesla ќе започне со производство во 2025 година на нов мал кросовер кој во моментов има кодно име Redwood. Почетниот модел користи нова платформа која ќе ги намали трошоците за производство на електричен автомобил, дозволувајќи и на Tesla да го донесе на пазарот за цена помала од 30.000 долари. Првите автомобили ќе бидат произведени во фабриката на Tesla во Тексас во втората половина на 2025 година, но производството најверојатно ќе биде пуштено во други фабрики на компанијата надвор од САД следната година.