Златно Тркало 2024: Ова е листата на кандидати за најпосакуван автомобил
Националниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија влегува во своето петто издание, а во прилог ви ги носиме 14-те кандидати за наградата Златно Тркало за 2024 година
Златно Тркало прераснува во вистинска и сериозна традиција со оглед на тоа дека петта година по ред македонската јавност ќе гласа за најпосакуваниот нов автомобил на македонскиот пазар. Националниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија и наградата „Златно тркало“ влегуваат во своето петто издание, а во прилог ви ги носиме и и кандидатите кои ќе конкурираат за престижната титула.
Авто Плус, во соработка со Carclub, CarsByVik и RPM.mk го стартуваат петтото издание на Националниот избор за најпосакуван автомобил во Македонија, во кој јавноста, преку гласање на официјалниот сајт, го избира својот автомобилски фаворит и миленик. Во конкуренција влегуваат возила кои се веќе пристигнати или ќе пристигнат на македонскиот пазар непосредно пред почетокот на гласањето.
Конечната листа e сочинета од 14 кандидати, а автомобилите ќе бидат поделени во пет категории – Најпосакуван Семеен автомобил, Најпосакуван Градски автомобил, Најпосакуван Електрифициран автомобил, Најпосакуван Премиум автомобил и за Главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија.
Најпосакуван семеен автомобил
SsangYong Torres
Haval H6
Nissan X-Trail
Peugeot 2008
Mazda CX-60
Најпосакуван градски автомобил
Opel Corsa
Renault Megane E-Tech
Најпосакуван електрифициран автомобил
Renault Megane E-Tech
Škoda Enyaq
Volkswagen ID.7
Toyota C-HR
Mazda CX-60
Најпосакуван премиум автомобил во Македонија
Audi Q8
Porsche Panamera
Maserati Grecale
Најпосакуван автомобил во Македонија – Главна награда
Jeep Avenger
Porsche Panamera
Nissan X-Trail
Toyota C-HR
Škoda Enyaq