fbpx

Williams го претстави FW41 за сезоната 2018

Британскиот тим Williams стана вториот тим во F1, кој го покажа новиот автомобил за сезоната 2018

Премиерата на FW41 се одржа во Лондон, а ова е прв болид, развиен под раководство на техничкиот директор на тимот, Педи Лоу и шефот на одделот за аеродинамика, Дирк де Бир.

FW41 повторно е управуван од мотор од Mercedes, но изгледа доста различно во споредба со својот претходник од минатата сезона, а Лоу посебно обрна внимание дека кај новиот автомобил има апликација од новата филозофија за развој на аеродинамиката на болидот.

FW41
– Новиот пристап кон развојот на аеродинамиката ни овозможи да постигнеме сериозен напредок во овој поглед, објасни Лоу на премиерата. – Сите нови автомобили оваа сезона повеќе или помалку ќе се еволуција на болидите од минатата година, но кај нас има промена на насоката за развој на болидот.

За тимот ќе возат Ленс Строл и Сергеј Сироткин, кој го замени Фелипе Маса, а Роберт Кубица ќе биде резервен возач и ќе учествува во трите слободни тестови за новата сезона. На почетокот на новата турбо ера во F1 пилотите на Williams редовно се искачуваа на подиумот, а тимот заврши на третото место кај конструкторите во 2014 и 2015. Сепак, имаше пад во перформансите на тимот, кој во 2016 и 2017 година беше петти во конструкторите зад Force India.

Поврзани вести

Back to top button