Невил е новиот WRC лидер по релито во Шведска
Пилотот на Hyundai, Тиери Невил, не дозволи ниту една грешка во трите последни фази од релито во Шведска и откако го презеде лидерството уште по првиот ден, храбро тргна по победа во снежната трка на Скандинавската земја - втор круг од сезонава во Светскиот рели шампионат
Победникот од Монте Карло и шампион во последните пет години во WRC, Себастијан Ожие, финишира едвај десети и така Невил успеа да стане и лидер во генералниот пласман со 11 поени предност пред Французинот. По првата неделна фаза, Невил загуби осум секунди поради непретпазливи потег, но и покрај тоа, го започна последниот суперспециалец со предност од 16.2 секунди пред Крег Брин со Citroen.
На крајот, белгискиот возач победи со предност од 19,8 секунди. Брин заврши на второ место, остварувајки го својот најдобар резултат во својата WRC кариера. Третиот пилот на Hyundai, Андреас Микелсен, исто така се најде на подиумот.
Новиот пилот на Toyota, Есапека Лапи, финишираше како четврти по импресивно претставување во последните неколку фази. Покрај 12-те поени кои ги доби за четвртата позиција, тој ја освои и последната суперспцијална фаза, што му донесе 5 бонус поени.
Во топ пет се мајде возачот на Hyundai. Хајден Падон, кој неколку метри пред целта се удри во снежни наноси и падна една позиција во вкупниот редослед во Шведска. Шести финишираше Мадс Остберг со вториот Citroen, следен од финското дуо Јари-Мати Латвала (Toyota) и Теему Сунинен (Ford).
Од Танак и Себастијан Ожие беа последните пилоти што беа рангирани во играта за бодови. За Ожие следеше подарок, бидејки десеттиот Ефин Еванс беше казнет со 50 секунди во финалната фаза.