fbpx

Pininfarina ќе го развива дизајнот на првите виетнамски автомобили

Виетнамската компанија Vinfast за дизајнот на своите идни модели го ангажира ателјето на Pininfarina

Предлозите на Италијанците се избрани меѓу 20 други предлози, со гласовите од над 62.000 лица. Производителот не обезбедува никакви технички информации за новите модели. Само се знае дека на стартот ќе бидат развивани седан и кросовер, кои ќе имаат сличен стил, „земајќи ги во предвид локалните преференции за исполнување на актуелните трендови”.

Pininfarina

Почетокот на производството на седанот и кросоверот е планирано за септември 2019 година. До 2025 година, Vinfast планира да произведува до половина милион автомобили годишно. Студиото Pininfarina ќе се претстави следниот месец на Салонот за автомобили во Женева со HK GT Concept Electric Grand Tour, изграден во соработка со хонгконгшката компанија Hybrid Kinetic Group. Сеуште нема информации и за овој автомобил, а главната улога во нејзиниот развој се нејзиниот стил и екологија.

Ова е втор коцепт на Италијанците за Hybrid Kinetic Group- првиот беше кросовер концепт со 800 КС со микро турбо генератор.

Поврзани вести

Back to top button