Jeep го покажа луксузниот ентериер на електричниот Wagoneer S
Електричниот SUV, Jeep Wagoneer S, треба да пристигне оваа есен, а на контролната табла ќе има дури четири екрани
Целосно електричниот Jeep Wagoneer S е се поблиску до производството, a во пресрет на премиерата, брендот овозможи прв поглед на дизајнот и карактеристиките на неговата кабина. Естетиката очигледно има за цел да се натпреварува со SUV моделите од други луксузни марки. Фотографиите откриваат и некои од уникатните детали што го издвојуваат Wagoneer S од другите членови на семејството Jeep.
Wagoneer S е првото посветено глобално електрично возило на марката и е подготвено да го има своето деби на пазарот подоцна оваа година. Иако ќе има неколку достапни варијанти, на горниот крај, водечкиот модел ќе има моќност до 600 КС (447 kW) и ќе може да забрза од место до „стотка“ за само 3,6 секунди.
Новиот адут на Jeep е силно фокусиран на луксуз и мајсторство. Jeep ја промовира својата „беспрекорна“ интеграција на технологијата со „прецизно изработени занаетчиски детали“. Контролната табла интегрира до четири различни екрани на сличен начин како што тоа го прави сегашниот Grand Wagoneer. Всушност, се чини дека воопшто нема ниту едно физичко копче на таблата. Ако тоа е точно, тогаш тоа ќе биде првпат Jeep да тргне по тој пат.
Лента за амбиентално осветлување се наоѓа веднаш под неа како нов уникатен детал. Централната конзола е исто така различна со контролите поместени налево и држачите за чаши надесно. Самата конзола се одликува со шаблон со мрежа што го опкружува она што изгледа како пијано-црна облога.
Од Jeep велат дека патниците ќе уживаат во стандардниот панорамски подвижен покрив со двојно стакло и ќе имаат можност да додадат звучен систем McIntosh ексклузивен за сегментот со 19 звучници.
Продажбата на Wagoneer S се планира да започне подоцна оваа есен. Тоа ќе го означи првиот производ на Jeep што ја користи платформата STLA Large BEV-Native на Stellantis, што претставува значаен чекор во глобалното портфолио на електрични возила на марката.