fbpx

Отворен нов салон за автомобилски детаилинг во Скопје

Неодамна во Skopje City Mall во катната гаража, Ниво 2,  се отвори специјализирано студио за детаилинг услуги на автомобили „Сити Дитејлинг Студио“. Во модерен амбиент, со целосна потребна апаратура и машинерија за професионално извршување на услугите, добивме и ние во Скопје ваков тип на услуги позиционирани во срцето на градот.

Што е детаилинг на автомобил?

Детаилинг на автомобилот е професионална услуга за чистење и подготовка на автомобилот, која вклучува детално чистење на интериорот и екстериорот, полирање на лакот, чистење на моторот, и други подетални постапки за да се постигне висок степен на чистота и сјај.

Сити детаилинг студиото со својот професионално обучен кадар, со современи алатки и техники нуди повеќе типови на професионални услуги

Детално полирање во една или повеќе фази, детално внатрешно длабинско (хемиско) чистење на седишта, целосен ентериер и багажник, посебна нега и заштита за кожен ентериер, детално чистење на фелни и подвозје и керамичка заштита скоро на сите делови од автомобилот.

Тимот работи со едни од најсовремените производи од  програмата на ремонираните брендови, како: Gyeon – Северна Кореа Италија Labocosmetica -Италија и  Menzernа -Германија,  во областа на детаилинг услугите и покрај стандардните , нуди и кастомизирани услуги согласно барањата на секој клиент.

Позицијата на ова студио кое е сместено во самиот Skopje City Mall, ја нуди единствената можност за само 4 до 5 часа да добиете длабинско (хемиско) и детално чистење на ентериерот на автомобилот!

Поврзани вести

Back to top button