fbpx

Новиот Opel Combo Life со испораки во втората половина на годинава

Opel понуди први фотографии и детали за новиот пазарен предлог Combo Life, што благодарение на новата платформа и двете достапни должини, ќе понуди нови можности за корисниците кои бараат удобен превоз за пет или седум лица

Со зафатнина на товарниот простор од 597 до 2.693 литри во зависност од конфигурацијата на седиштата, новиот Opel Combo Life ќе биде пуштен во продажба во првата половина на оваа година, а испораките ќе бидат реализирани во текот на втората. Од Opel коментираат дека петтата генерација на Combo ќе понуди исклучително просторен ентериер, со избор помеѓу една или две лизгачки странични врати, како и помеѓу верзија со должина од 4.4 и со 4.75 метри.

1 | Combo Life
2 | Combo Life
3 | Combo Life
4 | Combo Life

    Во опремата ќе бидат вклучени и голем број на високо-технолошки системи, вклучувајќи и такви за помагање на управувањето и зголемување на безбедноста, како Driver Drowsiness Alert, камера за видео надзор околу целото возило, проектор Head up дисплеј IntelliGrip, адаптивен круз-контрол , пакринг асистент и други.

    Во однос на палетата на мотори на новото Combo Life, од Opel коментираат дека во неа ќе бидат вклучени неколку бензински и дизел аграгата кои ќе можат да бидат комбинирани со пет- или шест-брзински мануелен или првата во сегментот осумстепена автоматска менувачка кутија.

     

    Поврзани вести

    Back to top button