fbpx

McLaren ја лансира Artura Spider со повеќе моќност и подобрувања

McLaren ја претстави Spider верзијата на својот суперавтомобил Artura која ќе донесе низа подобрувања и кај купе варијантата

По лансирањето на Artura, McLaren одлучи да подготви нова верзија на својот суперавтомобил, со што одговори на барањата на дел од своите клиенти кои можеа да изберат само купе варијанта. McLaren одговори на сето ова лансирајќи го новиот Artura Spider, кој самиот по себе носи и низа промени па „кабрио“ моделот всушност е платформа за воведување на куп други подобрувања кои ќе се најдат и кај „обичниот“ Artura модел.

McLaren вели дека структурата од карбон и алуминиум на Artura е толку цврста што дополнителната тежина 62 килограми на Spider во однос на купето се должи речиси целосно на механизмот на преклопувачкиот тврд покрив, со многу малку потребна дополнителна работа. И дури и со тој дополнителен товар, максималната тежина е 1.475 кг, што е прилично лесно за оваа класа. Покривот на McLaren Artura Spider е исто така побрз од оној на најголемите конкуренти, барајќи 11 секунди за да се повлече, наспроти 14 на Ferrari 296 GTS.

За делумно да се надомести зголемувањето на тежината на Spider во споредба со оригиналното купе Artrura добива засилување од 19 КС за 3,0-литарскиот V6 што доаѓа благодарение на новото ECU мапирање. Тоа ја носи моќноста на агрегатот до 605 КС, на кои се додаваат 95 КС произведени од електричниот мотор сместен во менувачот со двојна спојка. Севкупно, Artura Spider – и секоја друга верзија на Artura за моделската 2025 година– сега произведува 700 КС и 720 Nm вртежен момент.

Од нула до 100 км/ч се потребни 3,0 секунди, што е идентично со купето, а четвртина милја се поминува за 10,8 секунди. McLaren вели дека нема промена на електронски ограничената максимална брзина од 330 км/ч.

McLaren Artura Spider

Подобар звук

Она што уште повеќе ќе ги израдува купувачите е тоа што се направени промени околу звукот на Artura. Издувниот систем има нови вентили, дотеран резонатор и конусни издувни цевки за кои се тврди дека помагаат да се создаде „почист“ звук помеѓу средниот опсег и границата на вртежите. Купувачите кои сакаат подраматични звуци, можат да изберат опционален спортски издув кој користи симпозер, кој во суштина е цевка што ги канализира звучните бранови во кабината.

Другите надградби на ажурираната Artura вклучуваат подобрувања на суспензијата и менувачот за да се направи и двете да реагираат побрзо, ревидирана калибрација на ABS и мало зголемување на опсегот во електричниот режим од 31 км до 33 км. Но, настрана Spider верзијата, функцијата за 2025 година, која најверојатно ќе добие најмногу внимание е „Spinning Wheel Pull-Away“. Имено, суперавтомобилите обично делуваат тромаво кога стартуваат од место , освен ако не е активирана контролата за лансирање, а тоа често може да биде тешко да се постави. Сето ова сега се менува токму со новата функција Spinning Wheel Pull-Away.

Artura Spider чини 221.500 фунти, што значи дека е поскап од купето околу 20 илјади фунти.

Поврзани вести

Back to top button