ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Abarth со специјални изданија прославува 70 години

Abarth оваа година ја прославува 70 годишнината од своето постоење, па со цел да го одбележи овој јубилеј, италјанскиот производител создаде специјална едиција на моделите 595, 124 Spider и 124 GT

Овие модели од Abarth ги покажаа на отворањето на релито Monte Carlo. Целата гама на моделот 595, вклучувајќи ги и основниот модел, Turismo, Competizione и Pista ќе биде обележана со беџ кој го истакнува постоењето од 70 години.

Competizione и Pista моделите, исто така ќе добијат и подобрување на опремата, односно во нив ќе биде сместен новиот седум инчен дисплеј со новиот оперативен систем Abarth Telemetry, а како дополнување ќе го имаат и Record Monza издувот и суспензијата на Koni.

Секој модел на 124 гамата (Spider или GT) исто така ќе добие значка со обележја за 70 години постоење, а ќе ги имаат и подобрувањата како кај 595, односно во нив ќе биде вграден Record Monza издувнот систем. Дополнително на тоа, овие модели ќе ја добијат можноста на избор помеѓу две нови бои именувани како Turini 1975 White и Costa Brava 1972 Red, со кои компанијата сака да го прослави успехот кој го имаа во трките во минатото.

Abarth 124 GT за овој јубилеј добива и цврст карбонски покрив, 17 инчни OZ Ultra-Light алуминиумски тркала, темни метални капаци на ретровизорите, како и предна решетка во истата боја. Мат црн капак на моторот, карбонски обвивки на ретровизорите и карбонски сплитер се достапни како дополнителна опција.

2019 Abarth “70th Anniversary” Special Editions|

2019 Abarth 595 Turismo “70th Anniversary” Special Edition |

2019 Abarth 595 Competizione “70th Anniversary” Special Edition |

2019 Abarth 124 Spider “70th Anniversary” Special Edition |

2019 Abarth 124 GT “70th Anniversary” Special Edition |

    Како за крај при изборот на некои од овие модели, добро е да се знае дека компанијата нуди и попусти за нив. Почнвајќи од 20% за аксесоарите кај моделот 595 и 30% попуст за новите сопственици на 124 гамата. Цените и нивните спецификациии се уште не се објавени, но доколку сакате некој од овие лепотани да биде ваш, веруваме дека ќе треба да бркнете подлабоко во својот џеб.

    Клучни зборови

    Поврзани вести

    Може и ова да ви се допадне

    Close
    Close