fbpx

ABT го направи првиот тјунинг на новиот Golf

Германската тјунинг компанија ABT ја доби честа прва да ја модифицира најновата генерација на Volkswagen Golf и го објави неговиот изглед

Осмата генерација на бестселерот на Volkswagen, култниот модел Golf, веќе на големо се испорачува ширум светот, а тјунинг компанијата ABT веќе успеа да го „среди“ и модифицира, а на прв поглед она што најмногу се истакнува се неговите нови 20-инчни тркала. Новите фелни добија и 235/20 R20 Continental гуми кои му даваат поинаков тон, а сето тоа добива дополнителен „шмек“ поради тоа што автомобилот е спуштен за 30 милиметри.

Доколку сепак овој сет не ви се допаѓа, можете како опција да добиете 18 или 19-инчни фелни, а од ABT најавуваат дека наскоро ќе направат и надоградба на моторите, и за бензин и за дизел верзиите, кои ќе бидат достапни од летово.

ABT

Моделот кој го „дофати“ ABT е First Edition примерок во црна боја, а тјунинг компанијата започна со минимално дотерување за веќе богато опремената верзија на Golf. Од германската тјунинг компанија истакнуваат дека со спуштањето на автомобилот за 25 до 30 милиметри и новите тркала, не само што се добива подобар изглед, туку потенцираат и дека управувањето е исто така доста подобрено. Исто така, тие наведуваат дека новиот додаток е компатибилен за возилата кои се опремени со опционалната контрола на динамиката на шасијата (DCC) на Volkswagen.

ABT работи на бестселерот на VW уште од првата генерација, а aftermarket специјалистите дури и се здружија со производителот за да се создаде специјалната едиција на Golf R со 360 КС која беше лансирана во Швајцарија во 2016 година.

Поврзани вести

Back to top button