fbpx

ABT подготви моќен третман за S3 Sportback

Audi S3 Sportback за 2021 година помина низ третман кај тјунерот ABT Sportsline со што германскиот хот хеч сега има уште поголема моќност

S3 Sportback е хот хечот кој Audi го има во својата понуда, но во ABT очигледно веруваат дека моделот може и мора да биде побрз и помоќен и одлучија да му дадат свој третман. Благодарение на нивниот ECU (Engine control unit) кој ќе биде лансиран следниот месец, вкупната моќност на турбо 2,0-литарскиот мотор сега наместо 310 КС изнесува цели 370 КС, додека вртежниот момент е зголемен од 400 на 450 Nm.

И покрај зголемувањето на официјалните бројки од спецификациите, се уште нема никакви официјални детали околу перформансите на тјунираниот Audi S3 Sportback, но сигурно успева да намали некоја секунда од она што стандардниот модел го достигнува. Имено, на „обичниот“ S3 Sportback му се потребни 4,8 секунди за да го достигне спринтот до „стотка“, така што со третманот на ABT тоа време сигурно е намалено. Во комбинација со седумстепен S Tronic менувач и Quattro систем за погон на сите четири тркала, стандардната варијанта има електронски ограничена максимална брзина од 250 километри на час.

Audi S3 Sportback

Покрај зголемувањето на моќноста на моделот, ABT исто така се погрижи и за неколку естетски подобрувања, па така Audi S3 Sportback доби и нови тркала, 19 и 20-инчни, со дијамантски полирани и црн мат изглед за помалите, односно мистичен црн финиш за поголемиот сет.

Секако, логото на тјунерот се наоѓа на екстериерот на S3 Sportback, а исто така може да се најде на копчето за start/stop во внатрешноста.

Audi S3 Sportback

Засега, работата на ABT е завршена тука, но планираат да лансираат афтермаркет издувен систем од нерѓосувачки челик за најновиот Audi S3 Sportback следната пролет. Овој дел, за кој велат дека ќе го засили звукот, ќе се карактеризира со 102 милиметарски издувни цевки во мат црна боја.

Поврзани вести

Back to top button