ABT ја покажа тјунираната верзија на Audi RS6 Avant

Сопствениците на Audi RS6 Avant за 69.000 евра ќе добијат и „допир“ од ABT по кој семејниот караван ќе добие набилдан изглед и луди перформанси

Неколку дена по претставувањето на модифицираниот Audi RS7 Sportback, во германската тјунинг компанија ABT сместена во Кемптен ја претставија и својата варијација на еден од најбрзите каравани на денешницата која е дело на одделот Audi Sport, а станува збор за Audi RS6 Avant.

ABT го претстави RS6-R кој е телено доизработена верзија на Audi RS6 Avant, а првите назнаки дека не станува збор за стандарден примерок се забележливи на значително проширената каросерија која е опремена со неколку каросериски елементи направени од карбон.

ABT

Поставен на 22-инчни дополнително засилени алуминиумски фелни зад кои се крие модифицираниот адаптивен систем на потпирање, ABT RS6-R и понатаму е напојуван од 4,0-литарскиот V8 битурбо мотор кој во овој случај развива 740 КС и 920 Nm максимален вртежен момент, што е доволно спринтот од нула до „стотка“ да го достигнува за 3,2 секунди, а максималната брзина изнесува 320 километри на час.

Од компанијата ABT опцијата RS6-R ќе понудат само 125 примероци, исто како што е случајот и со RS7-R, а за комплетната трансформација, по која сопственикот нема да го препознае својот RS6 бараат 69.000 евра.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close