ABT понуди помоќна и поатрактивна верзија на Audi RS Q3 Sportback

Audi Sport ја проширува својата понуда на автомобили, а тоа го користат и познатите тјунери меѓу кои предничи германски ABT

Еден од новајлиите во растечкиот сегмент на компактни кросовери е и моделот Audi RS Q3 Sportback. За многумина изгледот на овој автомобил е дискутабилен поради својот обид да биде купе, но тоа е веќе работа на вкус, а дефинитивно никој нема никакви замерки за она што се наоѓа под хаубата на ова возило.

Audi RS Q3 Sportback се напојува со 2,5-литарски TFSI мотор кој се наоѓа и во моделите RS3 и TT RS, а со оглед на тоа дека тимот на ABT сега веќе одлично го познава овој мотор, не е ни чудо што подготвија нова програма за најновиот RS Q3 Sportback.

Audi RS Q3 Sportback

Благодарение на ECU единицата на ABT, моќта на овој турбобензинец е зголемена од 400 КС и 480 Nm максимален вртежен момент на 440 КС и 520 Nm. Тоа го намали времето потребно да се достигне спринтот од 0 до 100 километри на час за 0,2 секунди и сега изнесува 4,3 секунди. Максималната брзина е зголемена од 250 на 285 километри на час.

Audi RS Q3 Sportback

ABT направи и неколку измени во надворешноста, така што фабричките фелни се заменети со специјален 20-инчен сет. Широкиот распон меѓу краците овозможи заштеда на тежина, а со тоа е подобрен и самиот изглед. Исто така, како опција, познатиот тјунер нуди и сет од 21-инчни фелни.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close