fbpx

Acura со тизер ја најави премиерата на TLX Type S

Acura уште претходно го потврди враќањето на Type S како и новиот турбо V6 мотор, а потоа во август го претстави концептот Type S

Type S концептот претставуваше најава за идниот сериски Acura TLX Type S модел со кој на сцената повторно ќе се врати моделот со Type S ознака, прв уште од Acura TL Type S од 2008 година. Конечно, јапонскиот производител на луксузни автомобили Acura денеска објави кратко тизер видео со кој ја најави премиерата на серискиот TLX за 28 мај.

Станува збор за седан автомобил со кој Acura планира да им конкурира на Audi A4 и BMW Серија 3, особено со верзијата TLX Type S.

Инаку, концептот Type S се одликуваше Diamond Pentagon маска на предниот дел и Jewel Eye LED светла, како и aero body kit изработен од карбон, вклучително предниот спојлер, задниот дифузор, спојлерот на багажникот. Тука се и 21-инчните алуминиумски фелни, Brembo кочници, LED задни светла и спортски издувен систем.

Засега не е познато кои мотори се предвидени за серискиот TLX но се претпоставува дека тоа би можеле да бидат 2,0-литарскиот четирицилиндричен турбо бензински мотор со 272 КС во комбинација со 10-степен автоматски менувачм, како и 3,0-литарскиот twin-turbo V6 мотор со околу 300 КС за верзијата TLX Type S која стандардно ќе има и погон на сите четири тркала, односно Honda Super Handling All-Wheel Drive системот.

Поврзани вести

Back to top button