fbpx

Акциите на Telsa продолжуваат да паѓаат

Акциите на американскиот производител на електрични автомобили Tesla продолжуваат да паѓаат - во понеделникот тие загубија 8% од вредноста

Акциите паднаа за 12 отсто минатата недела и 21 отсто во март, објавија светските агенции.

Овој пад на акциите се должи на неколку фактори. Прво, минатата недела Tesla го призна најголемиот пропуст во историјата на производство на автомобили, односно кај 123.000 изведби од седанот Model S, најдени се рѓосани завртки на хидрауличните засилувачи на управувачот. Второ, Националната комисија за безбедност на транспортот на САД (NTSB) започна истрага за несреќата во Калифорнија во јануари со учество на автомобил на компанијата.

Акциите

Тогаш Tesla Model S, со вклучен режим на автоматско управување се удри во паркиран автомобил на противпожарната служба во градот Калверт Сити. Третата причини за падот на акциите беше намалувањето на кредитниот рејтинг на Tesla од агенцијата Moody’s до ниво B3 со негативна перспектива.

Навистина пех до пех, па малку е веројатно дека инвеститорите се насмеаја на првоаприлската шега на основачот на компанијата, Илон Маск. Тој има издадено твитови, во кој тврди дека Tesla банкротирала и поради оваа причина не му останува ништо друго, освен да почне да пие.

Поврзани вести

Back to top button