fbpx

Акционерите на PSA го одобрија спојувањето со FCA

Најголемите акционери на PSA групацијата дадоа свој благослов за спојувањето на производителот со FCA, со што официјално се формира Stellantis

Новиот ентитет на автомобилската сцена, Stellantis, сега и официјално пристигнува, откако најголемиот дел од акционерите во PSA групацијата го одобрија спојувањето со Fiat Chrysler Automobiles. Овој договор беше поддржан од страна на повеќе од 99 проценти од гласовите кои беа дадени од инвеститорите кои имаат двојни гласачки права, со тоа што Пежо семејството и кинески Dongfeng Motor дадоа своја согласност.

„Подготвени сме за ова спојување“, изјави шефот на PSA, Карлос Таварез за време на онлајн средбата. Во меѓувреме, акционерите на FCA се очекува експресно да го одобрат спојувањето од нивна страна.

Таварес истакна дека финалниот датум за консолидирање на Stellantis ќе биде објавен наскоро доколку одобрувањата на акционерите се обезбедени. Спојувањето исто така беше одобрено и од единечните акционери на PSA за време на поголемиот состанок, пренесува Autonews Europe.

Интересно е да се напомене дека актуелната акционерска структура ќе биде изменета по спојувањето, со тоа што постоечките права за двојни гласови (обезбедени со текот на времето) нема да бидат префрлени во новиот ентитет.

Таварес, кој ќе ја има улогата на извршен директор на Stellantis, веднаш ќе го насочи своето внимание кон Кина и кон електричната мобилност. Stellantis ќе има надлежност врз вкупно 14 брендови, меѓу кои се Fiat, Maserati и Jeep на FCA, како и Peugeot, Citroen и Opel од PSA.

Поврзани вести

Back to top button