fbpx

Alfa Romeo 4C Competizione со ограничено издание

Со ограничено производство од 108 единици, Alfa Romeo се обидува да го привлече вниманието на светот повторно на моделот 4C

Со цел да се разликува од стандардното, одредени промени се направени во 4C Competizione ограниченото издание, каде меѓу најзначајните се вбројува Akrapovic двојниот издувен систем кој обезбедува различен звук при различните возни режими.

4C Competizione ќе биде достапен единствено во Vesuvio Matte Grey боја, комплетирана со мат црно-црвени траки на хаубата, покривот и задниот дел. Исто така, автомобилот доаѓа со заден карбонски спојлер, карбонски ретровизори и каарбонски странични вентилациски отвори, а тука се и 18-инчните предни и 19-инчните задни алуминиумски фелни.

Што се однесува до кабината, таа добива црни седишта изработени од кожа и микрофивер, кожен спортски управувач со микрофибер и црвени шивови. Секој изработен примерок на 4C Competizione ќе доаѓа со нумерирана ознака поставена на централната конзола и Alpine Premium Sound System кој вклучува сабвуфер поставен позади седиштата.

Автомобилот ќе биде придвижуван од истиот 1.75 литарски четири-цилиндарски турбо мотор со моќност од 237 коњски сили и вртежен момент од 350 Nm.

Поврзани вести

Back to top button