fbpx

Модернизирана Alfa Romeo Giulia GT Junior на електричен погон

Totem Automobili направи целосно електрична верзија на италијанскиот класик Alfa Romeo Giulia GT Junior кој пристигнува со 518 КС

Totem Automobili e тјунинг компанија која е „виновна“ за оваа феноменална креација. Проектот на Totem подразбира трансформација на култната Alfa Romeo Giulia GT Junior во спектакуларен електричен автомобил со 518 КС, а од компанијата велат дека GT Electric, како што гласи нивното име за овој автомобил, може да забрза од нула до „стотка“ за 3,4 секунди.

Електромоторот се напојува со батерија од 50,4 kWh со течно ладење, која е една од најлесните и најсигурните од овој вид, со тежина од 350 килограми. Од компанијата проценуваат дека батеријата обезбедува автономија од 320 километри, а исто така ќе биде достапно и брзо полнење.

Инаку, Alfa Romeo Giulia GT Junior e познат по својата одлична снаодливост во свиоците во оригиналната форма, а за да остане таков и во овој случај, компанијата обезбеди панели за каросеријата изработени од карбон, со цел да се намали вишокот маса на возилото. Од првичната каросерија останати се практично само 10 проценти.

Наместо оригиналниот систем на потпирање во вид на двојни напречни рамења, Totem Automobili примени MacPherson решение со Bilstein Clubsport федери. Како опција компанијата нуди и воздушен систем на потпирање. На задниот дел се наоѓа нова подрамка која го држи електромоторот, а на него е поврзан задниот, алуминиумски мултилинг систем на потпирање.

Totem направи неколку промени на каросеријата и дизајнот

Во Totem Automobili внимание посветија и на дизајнот. Хаубата сега е на исто рамниште со каросеријата, без суптилни усни над предниот дел. Наместо два големи фарови, тука сега има два помали под нив. На задната страна се наоѓаат светла во облик на округли LED единици кои ги заменија оригиналните правоаголни светла. Познатата маска на италијанска марка сега е отворена во средината, каде некогаш беа преградите. Компанијата исто така креираше ковани 17-инчни наплатки со низа циркуларни отвори, во стилот на GTAm.

Alfa Romeo Giulia GT Junior

Од компанијата не дадоа детален прилог од ентериерот, но од Totem велат дека кабината ќе биде во комбинација на традиционалниот италијански луксуз со високи технологии, што подразбира рачно пришиена Nappa кожа како и два 3,5-инчни екрани за инструментацијата. Тука се и електричните прозорци, а купувачите како опција можат да изберат и клима-уред.

Totem Automobili сакаше да го претстави GT Electric на Goodwood Фестивалот на брзината, но оваа манифестација е одложена поради пандемијата на коронавирусот.

Поврзани вести

Back to top button