fbpx

Alfa Romeo MiTo станува кросовер?

Во последниве години, европскиот пазар наполно еволуира, па некогаш најприфатливите компактни хечбек модели се најдоа во сенка на кросовер изданијата

Најсветол пример за ова е MiTo на Alfa Romeo, нетипичен со дизајнот за италијанската марка, модел кој веќе 10 години безнадежно „плива“ на пазарот, па и вака застарен, тешко може да истрае во битката со поновите ривали? Според Серџо Маркионе, единствениот начин MiTo да се спаси и да остане во следниот бизнис план на FCA е да се прекрои во кросовер. Компактните и субкомпактните кросовер доживуваат вистински бум на глобалниот пазар и MiTo би можел да се вклучи во оваа нова шема, иако со одредено задоцнување.

-Ако во иднина има MiTo, тогаш мислам дека моделот нема да остане во оваа форма – објасни најголемиот бос на FCA во Женева. – Пазарот за такви автомобили се намали, особено моделите со две врати од В-сегментот се исклучително ретки на пазарот. Alfa Romeo е присутна на пазарот со кросовер и бележи извонредни резултати, а во подготовка е и следниот модел на Италијанците, поголем 4х4, кој ќе е позициониран над Stelvio и ќе е пазарен ривал на BMW X5.

Сепак, идејата на Марконе за иднината на MiTo сеуште не е дадена во специфична форма во плановите на Alfa Romeo. Шефот на брендот, Рид Бигле, дури претпостави дека MiTo и Giulia може да бидат ликвидирани заедно, но додаде дека тоа не важи додека не добие светло од највисоки дистанци. Има многу логика во тоа MiTo да стане кросовер, најмал во гамата, бидејќи моделот на Alfa ќе може да искористи технологии и техники од FIAT 500X и Jeep Renegade, а овие два модела се продаваат релативно добро на пазарот.

Поврзани вести

Back to top button