Alfa Romeo подготвува конкурент за Audi Q3

Италијанскиот производител Alfa Romeo на автосалонот во Женева го претстави концептниот модел Tonale кој покажува како ќе изгледа првиот компактен кросовер на брендот

Автомобилот е именуван по планинскиот премин во Северна Италија Tonale, а воедно дава визуелни елементи од модели на марката од минатото. На пример, карактеристичните 21-инчни бандажи потсетуваат на старите телефони и го поврзуваат со моделот 33 Stradale од 1960 година. Накосените светла, пак, личат на оние на SZ и Brera, но се во современа форма. Гледано во профилот, автомобилот малку наликува на Duetto и Disco Volante Spider.

Во салонот Италијанците вметнале 12,3-инчен дисплеј за инструмент табла и 10,25-инчен екран на допир на информациско-забавниот систем. Дефлекторите на системот за вентилација имаат вградени екрани кои ја прикажуваат температурата.

Tonale

Засега од компанијата не ги откриваат техничките карактеристики на Tonale, но се претпоставува дека тој е изграден на платформата на Stelvio. Сепак, Alfa Romeo објави дека серискиот модел ќе биде хибрид кој ќе се напојува од електричната мрежа. Тој ќе биде достапен на пазарот во 2022 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close