fbpx

Alfa Romeo со тизери го најави враќањето на легендата

Откажувањето на годинешното издание на Салонот за автомобили во Женева ја примора Alfa Romeo да го искористи својот план „Б“

Швајцарските власти го откажаа одржувањето на 90-тото издание на славната автомобилска манифестација во Женева. Поради стравувањето од ширењето на коронавирусот, здравствените власти во Швајцарија одлучи да ги забрани сите собири кои бројат повеќе од 1.000 луѓе, поради што на „мета“ е и Салонот за автомобили во Женева каде се очекуваше да се соберат далеку, далеку повеќе посетители. Иако ова е неочекуван сплет на околности, голем број од производителите веќе се насочија кон алтернативни решенија, меѓу нив и Alfa Romeo

Кога станува збор за италијанската компанија, тие, како што истакнуваат, ќе ја претстават својата легенда денеска од 16:30 часот за чија најава објавија низа тизери во изминатиот период. Според информациите, станува збор за Alfa Romeo Giulia GTA, која сите љубители на овој италијански бренд со нетрпение очекуваат.

Alfa Romeo со последната тизер фотографија објавена на социјалните мрежи ја потврдија промоцијата за текот на денешниот ден, а на фотографијата може да се забележи предниот браник со агресивен сплитер и изобилство на карбон. Всисувачките отвори се во целост преобликувани, а се приметува и каналот за ладење на кочниците, сличен на оној кај тркачките автомобили. Тоа може да значи дека новиот модел ќе добие засилен систем за кочење, што е во склад со моторот кој ќе пристигне во автомобилот, а се најавува 2,9-литарскиот V6 мотор на Ferrari со 600 КС.

Се очекува и GTAm верзијата

Сосема е возможно да биде прикажана и GTAm верзијата за тркачките патеки, која би требало да се одликува со значително намалување на масата. Според информациите, се истакнува дека Alfa Romeo ќе заштеди на звучната изолација и отстранување на задните седишта, на чие место ќе се најде заштитен кафез.

 

Додека кај Giulia GTA ќе биде присутен спојлер од карбонски влакна, се очекува GTAm да го присвои задното крило. Двата модели ќе добијат централно поставен, двоен издувен систем, пошироки крила и неколку аеродинамични унапредувања. Како и да е, на чекањето му дојде крајот, Alfa Romeo денеска ќе ја врати својата легенда во игра.

Поврзани вести

Back to top button