fbpx

Alibaba ќе инвестира во конкурентoт на Uber

Гигантот во електронска трговија, Alibaba, подготвува инвестиција во платформата за споделено патување на Grab

За жал, засега ова се само гласини, бидејќи информациите сé уште не се официјално потврдени.

Grab се согласи со неговиот директен ривал Uber, за настап на одредени пазари и за таа цел го откупи бизнисот за Југоисточна Азија, по што инвеститорите ја оценија компанијата на 6 милијарди долари. Сепак, работите не се финализирани и покрај завршените финасиски трансакции, бидејќи договорот помеѓу Grab и Uber, се уште е предмет на одобрување од страна на антимонополските власти во одделни земји. Alibaba и Grab минатата година преговараа за заеднички инвестиции, но тогаш договорот не успеа бидејќи кинескиот гигант одлучи дека е попрофитабилно да инвестира во својот индонезиски ривал Tokopedia.

Alibaba

Овој договор стана приоритет, иако ривалскиот Alibaba Tencent веќе водеше преговори за инвестиции во Индонезија – земјата која по населеност е четврта во светот и има најголема економија во Југоисточна Азија. На крајот, разговорите завршија успешно, а Alibaba инвестираше 1,1 милијарда долари во Tokopedia и се покажа дека потегот е крајно оправдан. Сега, време е за нова инвестиција, бидејќи на Grab дефинитивно му е потребна експанзија, бидејќи тој мора да се справи со својот индонезиски ривал, Go-Jek, кој подготвува исто финасиски бум во овој дел од Азија.

Поврзани вести

Back to top button