ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi со нов оперативен борд

Жан-Доминик Сенар- претседател на Renault, Хирото Саикава- извршен директор на Nissan, Тиери Болор- извршен директор на Renault и Осаму Масуко- извршен директор на Mitsubishi Motors, ја објавија својата намера за формирање на нов оперативен борд на Алијансата Renault-Nissan- Mitsubishi

Претседателското место во новиот борд ќе биде за Жан-Доминик Сенар, а место во одборот добиваат и извршни директори на трите автомобилски гиганти. Новата организација ќе зема крајни одлуки врз основа на консесус и ќе ја раководи оперативната активност помеѓу Nissan, Renault и Mitsubishi, исто така ќе бара и нови начини за генерирање на благосостојба за своите акционери и вработени.

Алијансата Renault-Nissan- Mitsubishi

Новиот одбор на Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi ќе одржува месечни средби во Париз или Токио и редовно ќе ги информира акционерите за значајни иницијативи и достигнувања, а ќе спроведуваат и анкети за специјални проекти, со кои ќе создаваат нови можности за развој на трите автомобилски компании.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close