fbpx

Alpine A290 електричниот хот хеч ќе дебитира во јуни

Новиот Alpine A290 ќе има специјално црвено копче „OV“ (за претекнување) на воланот, кое обезбедува кратко засилување на моќта

Alpine ги претстави првите официјални фотографии од серискиот A290, иако сè уште не го открива целосниот изглед кој се крие под маскирната обвивка. Електричниот хот хеч моментално ги поминува последните фази на тестирање при екстремни временски услови, со температури во Арктичкиот круг под -30°C, пред неговото официјално деби, кое сега е потврдено за јуни.

Одделот на Renault објасни дека A290 го има своето деби овде со својата финализирана каросерија. Дополнително, даде детали кои ги потврдуваат димензиите на електричното возило: должина од 3.990 милиметри, ширина од 1.820 мм, висина од 1.520 мм и меѓуоскино растојание од 2.530 мм. Alpine го нагласи својот фокус на динамичните перформанси на A290, наведувајќи дека посветува „посебно внимание на реакцијата на моторот, прецизноста во возењето и агилноста“.

Исто така, добиваме увид во внатрешноста преку една фотографија на која е прикажан спортскиот волан со рамно дно, три краци со посебно копче „Drive Mode“, сино RCH копче за прилагодување на брзината на полнење на батеријата и специјално црвено „OV“ копче (за претекнување), кое обезбедува кратко засилување на моќноста.

Дизајн

Електричниот хечбек ги следи стапките на минатогодишниот концепт, бидејќи има познати фарови и светла за магла со акценти во облик на Х. Тие се споени со затегнат преден браник кој има вертикални воздушни завеси заедно со делумно затворен долен довод со геометриска шема.

Може да се забележат поголеми странични ретровизори и скриени рачки на задните врати. Ним им се придружуваат спортските странични прагови, изразените отвори на браниците и препознатливите тркала кои внимателно ги повторуваат оние што се наоѓаат во концептот.

Задниот дел е значително поскротен бидејќи серискиот модел има воздржан спојлер и далеку помалку агресивен браник. Можеме да добиеме и поглед на вертикалните задни светла и скромниот дифузер.

Alpine во последно време не открива никакви нови детали за A290, но компанијата претходно потврди дека електричниот градски автомобил ќе се базира на претстојниот Renault 5 EV и ќе вози на CMFB-EV платформата.

Исто така, беше кажано дека серискиот модел ќе може да се пофали со тркала од 19 инчи обвиени со Michelin пневматици. Возачите ќе имаат можност да избираат помеѓу спортските Pilot Sport S5, Pilot Sport EV фокусиран на ефикасност или зимски пневматици Pilot Alpin 5.

Alpine останува таинствен околу спецификациите, но концептот имаше два електрични мотори поставени напред. Таа постсавка по се изгледа нема да се најде кај производствениот модел и претходните извештаи сугерираа дека моделот би можел да има еден мотор кој произведува до 273 КС.

Поврзани вести

Back to top button