fbpx

Alpine добива три нови целосно електрични модели

Перформансниот бренд на Renault групацијата, Alpine, го најави изгледот на својата престојна, целосно електричнa постава на возила

Првиот целосно електричен модел на францускиот перформансен бренд Alpine ќе биде претставен во 2024 година, а компанијата ќе има три целосно електрични возила во својата спортска и премиум постава, а ќе вклучува grand tourer, хот хеч и спортски автомобил. За време на Renault eWays Electro Pop настанот, извршниот директор на Renault, Лука де Мео, ги откри амбициозните планови за Alpine.

Во моментов, Alpine во својата понуда има само еден модел и тоа A110 спортскиот автомобил достапен во повеќе нивоа на опременост. Како што пренесува британски Autocar, А110 моделот ќе биде заменет со целосно нов електричен спортски автомобил кој во моментов е во развој во соработка со Lotus.

На еден од тизерите кои се објавени, јасно може да се забележи силуетата на спортскиот автомобил, кој ќе ги задржи пропорциите на A110 со опаѓачки покрив и нагласени задни крила. Благодарение на електричниот погон се очекува моделот да понуди подобри перформансни бројки од претходно, како и активен систем на потпирање кој ќе понуди остра управливост и удобност.

Две нови платформи

Мошне интересен додаток во опсегот на Alpine е хот хеч моделот кој очигледно ќе биде базиран на престојниот Renault 5 електричен мини хечбек. Од она што може да се забележи, хот хечот ќе добие голем заден спојлер, отвор на хаубата и веројатно дополнителни светлечки единици на предниот браник, што е своевиден потсетник на Renault 5 Turbo од 80-тите.

Alpine

Хот хеч моделот на Alpine ќе биде базиран на CMF-BEV платформата која е еволуција на CMF-B архитектурата која во моментов се користи за моделите од B сегментот во Renault. Според француската компанија, ќе биде 33 проценти поевтин за производство отколку актуелната генерација на моделот Zoe и ќе нуди опсег на движење до 400 километри.

На крајот, Alpine исто така ќе лансира и премиум гранд турер модел кој ќе биде знаменосец во понудата и ќе се натпреварува со Porsche Taycan, Tesla Model S и Audi e-Tron GT. Ќе биде базиран на новата CMF-EV платформа развииена за моделите од C и D сегментот и ќе достигне комбинирано производство од 700.000 единици до 2025.

Alpine

Според Renault, новата архитектура ќе понуди нагласено возачко задоволство благодарение на ниското тежиште, идеалната дистрибуција на тежина, мултилинк задната суспензија и брзиот управувачки сооднос. Француската компанија најави и „перформанси без конкуренција“, поголем простор и електричен опсег од 580 километри.

 

Поврзани вести

Back to top button