fbpx

Alpine прикажува две нови верзии на A110

Alpine ќе претстави во Женева две нови верзии на својот прв модел по оживувањето на брендот - A110

Имено на штандот на Renault следните недели ќе се појават варијанти Pure и Legende.

Како што може да се претпостави Pure ќе е основната верзија на спортскиот автомобил, а Legende ќе нуди на клиентите повеќе луксуз во ентериерот. И во двата случаја погонот е доверен на новиот 1,8-литарски 4-цилиндерски турбо мотор на Renault, со моќност 250 коњски сили, кој дебитираше и кај новиот Megane RS.

Legende

Pure и Legende ќе бидат достапни со 7-брзинска трансмисија со две спојки и исти подесувања на шасијата. Сепак, во споредба со премиерното издание, постојат три нови бои на надворешноста, како и нови алуминиумски тркала. Новите верзии ќе го надополнат и прошират опсегот A110, при што Premiere Edition останува највисоката верзија на моделот.

Legende

Поврзани вести

Back to top button